23.08.2018

Жителите на село Лакавица празникот Курбан Бајрам годинава го одбележаа со новоасфалтирана улица на влезот на селото.

Иведувачиоте на работите интензивно работеа и во празничните денови, со цел да ги завршаат работите за асажфалтирање на улицата долга 230 метри со површина од над 1300 квадратни метри, односно од регионалниот пат Гостивар-Србиново па се до мостот над реката Лакашница во внатрешноста на селото Лакавица.

Претходно, се изгреба постојниот асфалт кој беше доста оштетен, со дебелина од 4 цм, а потоа се постави нов висококвалитетен асфалт.

За таа цел Општина Гостивар издвоиод својот буџет 1.046.000 денари.

Ова беше уште едно остварено ветување на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, за првата година од неговиот мандат.

Инаку, Општина Гостивар за во село Лакавица има предвидено уште неколку инфраструктурни проекти за овој четиригодишен мандат, како разумни барања на жителите на оваа област.

Служба за информирање