18.09.2018

Во организација на Општина Гостивар и во соработка со здруженија и стручњаци кои се занимаваат со прашања на децата со посебни потреби, денес во салата на Советот на општина Гостивар се одржа семинар на тема “Нарушувања и тешкотии во говорот”.

На семинарот учествуваа родители на деца со пречки во говорот, педагози, психолози, наставници од основните училишта, воспитувачки, социјални работници, вработените во Дневниот центар, како и службеници на Општина Гостивар.

На семинарот предаваа експерти од Албанија, логопедите Адриана Понде и Ана Котро.

Овој семинар е продолжение на напорите на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари за подобрување на квалитетот на живеење на лицата со посебни потреби и пуштање во работа на Центарот за аутизам во рамките на зградата на Ученичкиот дом во Гостивар. Во однос на просторните услови и потребната опрема, центарот е веќе комплетиран, а во тек се постапките за добивање на работна дозвола, што се очекува наскоро да се случи.

Служба за информирање