26.07.2019

На вториот ден од Културно лето Гостивар 2019 година, кое и годинава се одржува под истото мото “Добредојдовте иселеници”, се одржа активност насловена “Спортот не обединува”. Оваа активност која личеше на мини-спектакл, се одржа во спортската сала “Риниа” и беше посветена на деца со посебни потреби.

За доборото расположение на децата се погрижи Карате клубот “Азиарт” под раководство на каратистот Берат Јакупи, а сите деца учествуваа во спортски и забавни активности.

Активноста беше поддржана од страна на Општина Гостивар во соработка со Здружението за лица со попреченост “Заедно можеме”.

Од Секторот за јавни дејности, велат дека Општина Гостивар му посветува посебно внимание на оваа категорија деца и ќе продолжи да организира или поддржува било каква активност во правец на нивната социјална инклузија.

Вечерва, на третата вечер од Културното лето, гсе отвора The Park Festival каде што ќе настапи MC Kresha Lirical Son и неколку диџеи.

Служба за информирање