09.05.2019

Во рамките на проектот “Интеграција на младите во образованието” учениците од две средни училишта и едно основно училиште во градот Гостивар, ќе спроведат серија активности за дополнително одредување и одржување на градскиот парк и шеталиштето на реката Вардар.

Активностите започнаа денес, при што организаторите поделија маички и опрема за работа за учениците од средното економско и средното техничко училиште, како и учениците од ОУ “Единство”. Во рамките на проектот, учениците ќе ги офарбаат клупите кај шеталиштето, ќе се означи велосипедската и пешачката патека, ќе се постават рамки за паркирање на велосипеди долж шеталиштето и други слични активности во поглед на уредување и одржување на овој дел кој е доста фреквентиран од страна на граѓаните во слободно време, особено од помладите генерации.

Почетокот на активности го проследе и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој поздравувајќи ја активноста, искористи прилика да им го честита на присутните на 9 мај – Денот на Европа.

“Почетокот на активностите во рамките на овој проект се совпаѓа со Денот на Европа, ден од големо значење, особено за нас кои стремиме да стананеме дел од големото семејство на ЕУ. Посакувам што поскоро да го славиме овој ден како рамноправна членка на големото европското семејство”, истакна Таравари.

Проектот “Интеграција на младите во образованието” е финансиран од УСАИД, а го поддржува Општина Гостивар и ЈП “Паркиралишта и зеленило”.

Служба за информирање