04.12.2017
Група од шеснаесет ученици и двајца супервизори од Средното Економско училиште “Гостивар“ се наоѓаат на двонеделна обука во Швајцарија. Престојот се реализира во рамки на проектот Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА, во кој училиштето е вклучено од 2012 година .

Во рамките на овој проект во училиште успешно функционира училишната заедница и дете правобранител кои
работат на заштита на правата на децата, анти-дискриминација и мултикултура како и подобрување на условите за непречено спроведување на наставата во училиштето.

Интеркултурната размена се одржува во детското село Песталоци, Троген, а групата од 16 ученици на СЕОУ “Гостивар“ е избрана како резултат на досегашната активна работа. Целта на интеркултурната размена е учениците да се здобијат со знаења и вештини за правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, анти дискриминација и меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури.

Служба за информирање