13.07.2018

Во пресрет на бројните активности во рамките на проектот “Добредојдовте иселеници”, се бојадисаа ѕидовите на летниот амфитеатар на Гостивар лоциран на шеталиштето на реката Вардар.

“Покрај бојадисувањето на ѕидовите, дополнително ќе се исчисти и ќе се уреди околината, бидејќи во наредните недели во овој амфитеатар, како едно од обележјата на град Гостивар, ќе се реализираат бројни активности во рамките на проектот Добредојдовте иселеници”, вели Јасин Демири – портпарол на Општина Гостивар.

Вреди да се спомне дека во летниот амфитеатар покрај реката Вардар, планирано е во следните две недели да се одржат 5-6 културни и забавни активности.

Служба за информирање