Организацијата “Центар за заедничка основа“ (ЦЗО)организира натпревар и изложба на најуспешни фотографии на тема „Спречување
на насилен екстремизам“ во рамките на проектот „Јакнење на издржливоста на локалните заедници на насилен екстремизам во Македонија “поддржан од Британската Амбасада и Амбасада на Кралството Холандија.

Целта на оваа активност е да преку натпревар и изложба на најуспешни фотографии се поттикнат креативните млади во општина Гостивар да ја изразат нивната визија во насока на спречување на насилниот екстремизам.

Младите фотографи во рамките на темата преку нивните дела можат да ги прикажат решенијата за спречување на насилниот екстрмизам како почит, разбирање, диверзитет, соживот, единство и среќа или да го прикажат негативниот аспек на појавата на насилниот екстремизам преку фотографирање на деструктивни моменти кои ќе поттикнат тага и на тој начин ќе влијаат во спречување на оваа појава во општина Гостивар.

Најуспешните фотографии кои ќе бидат селектирани од страна на жири комисија, ќе се испечатат и ќе бидат дел од изложба која ќе се
одржи во Гостивар на 25 февруари 2019 година, за точно време и локација ќе ве известиме накнадно. На самата изложба ќе бидат прогласени победниците на натпреварот, селектирани од страна на жири комисијата составена од претставници на ЦЗО, локални фотографи и уметници од општина Гостивар.

Победниците ќе добијат вредни награди за нивните дела, а фотографиите на останатите натпреварувачи заедно со трите победнички фотографии ќе бидат подарени и изложени во училиштата и институциите на општина Гостивар.

Учествувајте во натпреварот и пратете една фотографија на тема „Спречување на насилен екстремизам“ на следнава е-маил адреса:

• events.ccg@gmail.com

Крајниот рок за испраќање на фотографиите е 25 февруари 2019.