15.10.2018

На Меѓународниот ден на слепите лица, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, беше на посета на Здружението на слепи и лица со оштетен вид “Реалност” – Гостивар.

“Денес е 15-ти октомври, Светскиот ден на слепите лица, познат како ден на белиот стап, па затоа го одбравме токму овој ден за да разговараме и да се запознаеме со проблемите и потребите на членовите на ова здружение. Ме информираа дека се поканети на натпревари за Голд бол во Сараево. По тој повод ние како Општина им го овозможуваме патувањето и прстојот таму, а им посакуваме и да извојат што повеќе победи. Исто така ќе им исполниме уште едно барање, односно штом заврши тендерот ќе ги обновиме просториите на Здружението “, истакна градоначалникот Таравари.

Претседателот на Здружението Реалност, Џеват Фејзули, изрази задоволство од втората посета на градоначалникот Таравари и благодарност за континуираната поддршка.

“Нашето здружение брои 62 члена. Му благодариме на градоначалникот што ни овозможува да учествуваме на натпреварите во Сараево и се надевам дека ќе постигнеме задоволителни резултати “, истакна претседателот Фејзули.

Општина Гостивар за членовите на Здружението Реалност обезбеди маички со логото на општината, кои ќе ги користи при учество на натпрварите во Сараево.

Вреди да се спомене дека денес една канцеларија во објектот на ЈП “Комуналец” му беше предадена на Здружението за лица со посебни потреби “Заедно Можеме”.

Служба за информирање