29.05.2018

На иницијатива на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес се одржа средба помеѓу градоначалникот Арбен Таравари, началникот на Секторот за внатрешни работи – Тетово, Амир Далипи и командирот на ПС – Гостивар, Гази Абдурахими.

Средбата се одржа во кабинетот на градоначалникот Таравари и во присуство на претставници на Мисијата на ОБСЕ во Македонија.

На средбата беше разговарано за надминување на повремените досегашни недоразбирања и за воспоставување на нормална комуникација и соработка помеѓу двете институции. Двете страни се согласија дека со меѓусебна соработка може да се постигне многу во подобрувањето на безбедноста во општина Гостивар и ефективна реализација на разни работи и активности кои што Општина Гостивар ги спроведува во својата територија.

“За доесгашното несоработување и разни недоразбирања, можеби вината е обострана. Но, ние треба да гледаме напред и да ги надминеме овие проблеми и во интерес на граѓаните на општина Гостивар да воспоставиме ефективна комуникација и соработка која ќе ги даде очекуваните резултати”, изјави градоначалникот Таравари на заедничка прес-конференција по средбата.

На иста линија беше и изјавата на началникот на СВР – Тетово, Амир Далипи, кој, исто така, призна дека имало некои недорабирања, но дека денес дошле истите да се надминати и да не се повторуваат во иднина.

Служба за информирање