06.02.2018

Раководителот на Секторот за образование при Општина Гостивар, Аслиан Снопче, денеска со низата посети на гостиварските основни и средни општински училишта.

Во текот на денешниот ден, г-ѓа Снопче го посети Општинското средно училиште Гостивар, каде што се состана со директорот Дритан Имери, педагошката служба и претседателите на четвртите класови.

“Целта на посетата беше одблизу да видиме како се реализира образовниот процес, но и да ги слушнеме барањата на наставниот кадар и учениците. Вофокусот ги имавме дисциплината, редовноста, носењето униформи, но и да дадеме сугестии  како да се подобри актуелната ситуација. Беше заедничка констатација дека е потребен координиран ангажман и поголема посветеност за да со конкретни чекори се подигне нивото на дисциплина и да се се преземат дисциплински мерки против учениците и професорите кои ги прекршуваат пропишаните одредби”, вели г-ѓа Снопче.

Директорот Дритан Имери истакна дека ваквите посети се добредојдени и дека во координација и соработка со општинската администрација, можностите за напредок со побрзи чекори, се поголеми.

Во однос на ученичките екскурзии кои треба да се реализираат кон крајот на учебната година, како и матурската вечер, беше договорено да се земат предвид барањата на учениците, но тие мора да се реализираат  во координација и со согласност на родителите, управата на училиштето и Секторот за образование при општина Гостивар.

Посетите од страна на претставниците на Секторот за образование во општинските основни и средни училишта, како и во детските градинки, ќе бидат редовни и истите ќе се спроведат без определена агенда.

Служба за информирање