15.10.2018

По поставувањето на таблите и претходните подготовки за успешно рестартирање, од денс попладне ќе се спроведува наплатата за зонско паркирање во Гостивар.

Градот Гостивар е поделен на две паркирни зони, “црвена зона” и “зелена зона”. За “црвената зона” односно централното градско подрачје, еден час паркирање ќде чини 25денари, а за “зелена зона” – периферија, паркираањето за еден час ќе чини 10 денари.

Паркирањето ќе се наплатува од понеделник до сабота, и тоа од понеделник до петок од 7 до 21 часот, а во сабота од 7 до 14 часот. Во недела и државни празници паркирањето нема да се наплатува.

– Во првата недела нема да се применуваат казнени мерки, што значи нема да се поставуваат блокатори или да се отстрани возилото со пајак-служба, но сепак бараме од граѓаните од денес да се придржуваат кон правилата за да тоа им премине во навика и да не дојде до санкции. Вреди да напоменеме дека за оние кои нема да пратат соодветни смс-пораки, по блокирање возилото сопственикот ќе мора да плати глоба во износ од 1.000 денари, а ако во рок од еден час пак не плаќа за блокажата, возилото ќе биде отсрането од пајак-службата – информира директорот на ЈП “Јавни паркиралишта и зеленило”, Музафер Зулбеари.

Инаку, за јавните превозници, зонското паркирање не важи. За такси возилата и комбињата останува одсегашната постапка која се плаќа со добивањето на лиценца за вршење јавен превоз и тие нема да плаќаат за паркинг.

Служба за информирање