27.12.2018

Поради тоа што капацитетот на јавните паркиралишта во градот Гостивар, не ги задоволува потребите на иселениците за време на нивниот престој во родниот крај, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и годинава одлучи општинските основни и средни училишта да ги отворат портите и овозможат да нивните паркиралишта послужат како бесплатен јавен паркинг.

Паркирањето во училишните паркинзи ќе биде можно од 1 до 20 јануари, односно додека трае зимскиот распуст на учениците.

“Сето ова се прави со цел на нашите сограѓани им се овозможат подобри услови за време на нивниот престој во татковината. Ја користам оваа прилика, уште еднаш да им посакам добредојде и среќни мигови со нивното семејство, роднини и пријатели  и да им ја честитам Нова 2019 Година“, вели гардончалникот Таравари.

Потсетуваме дека во Општина Гостивар, откога градоначалникот е Арбен Таравари, за време на летните одмори и новогодипните празници,  функционира Канцеларијата за иселеници, а се организираат и поддржуваат разни активности кои се фокусираат на нашите сограѓани кои живеат и работат во странство.

Служба за информирање