22.01.2018

Афердита Хамза од кабинетот на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, го посети тричленото семејство Јосифоски од гостиварската населба “Циглана“ кое се соочува со големи финансиски и здравствени проблеми.

Семејството Јосифоски ја информираше г-ѓа Хамза дека тие живеат со социјална помош од 2.300 денари, куќата им е во многу лоша состојба, а покрај тоа нивната ќерка е со посебни потреби и болна, а нејзиниот медицински третман, тие не можат финансиски да го издржат.

Г-ѓа Хамза го запозна семејството Јосифоски дека градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во согласност со своите овластувања, ќе донесе одлука за доделување на финансиска помош.

Инаку, на семејството Јосифоски им излезе во пресрет и месната заедница “Циглана” кои ќе им го реновираат домот, додека граѓаните организираат хуманитарни акции за собирање на финансиски средства и прехранбени производи.

Служба за информирање