03.10.2019

Благодарение на сoвеснотo и чесно управување, како и избегнување на непродуктивните трошоци, Општина Гостивар во времето на градоначалникот Арбен Таравари, бележи завидни резултати како во областа на јавните инвестиции така и во намалувањето на наследените долгови.

Наследениот долг на Општина Гостивар, за помалку од две години управување, е намален за над 2 милиони евра, додека капиталните инвестиции не само што не се намалиле, туку и значително се зголемиле.

Додека инвестициите по глава на жител
во 2017 година биле само 1.151 денари, во првата година од управувањето на Арбен Таравари, значи во 2018 година, достигнуваат 2.183 денари. Кај капиталните инвестиции во 2018 и 2019 година вреди да се истакнат новоасфалтираните уливи и патишта во должина од 11 километри, изградбата на нови канализациски линии во градот и селата со должина од 17 километри, како и 12 километри нова водоводна линија.

Ова доаѓа и како резултат на намалување на непродуктивните трошоци, при што заштедените средства се користат за инвестиции и зголемување на квалитетот на услугите, како и поддршка на различни активности на субјекти и групи граѓани, со што се зголемува нивото на квалитетот на живеење. Комуналните трошоци, греење, комуникации и транспорт направени во 2018 година се за 100.000 евра пониски од годишниот просек реализиран во претходниот мандат 2014-2017 година, додека официјалните трошоци на градоначалникот за 2019 година, се само околу 46.000. денари, каде во јули и август оваа година трошоците се еднакви на нула.

Од друга страна, карактеристично за локалната самоуправа во Гостивар е и фактот дека минималните плати во јавните претпријатија достигнале 15.000 денари, односно 3.000 денари повеќе од минималната плата утврдена со закон, така што само за две години во ЈП “Паркиралишта и зеленило” бележат зголемување за 25%, а во ЈП “Комуналец“ за 75%.

Забележително е и дека во 2018 година, трансферите до невладините организации се зголемени за 200% споредено со просекот во претходниот мандат, а и дека се отвориле четири нови градинки

Служба за информирање