09.02.2018

Во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан, градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари потпиша Меморандум за соработка со претставничкaта на УНДП, Луиза Винтон и претставникот на делегацијата на ЕУ, Николас Бертолини.

Во наредните две години, УНДП ќе му додели на општина Гостиваргрант од 120.000 евра за разни проекти поврзани со барањата и потребите на граѓаните. Општина Гостивар е една од само  5 општини во Македонија кои добиваат од ваков грант од УНДП и избрана е според неколку критериуми, вклучувајќи географска разновидност, можност за кофинансирање и транспарентно финансирање со граѓанското општество.

Програмата финансирана од ЕУ а кофинансирана од УНДП и општините, обезбедува поддршка за проекти од јавен интерес и подобрување на општинските услуги и квалитетот на живеење на жителите во општините. Посебно внимание ќе се посвети на проекти за социјална инклузија, родова еднаквост, ранливи групи, човекови права и заштита на животната средина.

Служба за информирање