19.06.2020

Во едно истражување на организацијата Центар за граѓански комуникации, Општина Гостивар резултира најтранспарентна институција во земјава предводена од кадар Албанец.

Во рамки на проектот “Open data“ (Отворени податоци), се спроведуваат повеќе истражувања, при што на последното се мери активната транспарентност на 98 институции (Владата, министерствата и општините) за 2020 година. Според студијата, индексот на транспарентност е зголемен за само 2,2% во однос на минатата година, од 56% минатата година, оваа година се искачил на 58,2%.

Она што може да се забележи во табелата каде институциите се рангирани тргнувајќи од оние со највисоко ниво на транспарентност до оние со најниско ниво, Општина Гостивар е највисоко рангирана во однос на другите институции предводени од кадар Албанец.

Вреди да се спомене дека во претходниот мандат, Општина Гостивар беше рангирана на 80-то место, т.е. во групата институции со слаба активна транспарентност, додека сега е на 42-то место, односно во групата со добра активна транспарентност, значи за две нивоа погоре.

Извор: http://www.opendata.mk/Home/TekstualniDetails/95?Category=1&fbclid=IwAR0E__YZhJUMi9en0gx_VUSNiKg8kUq6E9vf3sjN3s5OZ26NQbywsL-ucOM

Служба за информирање