26.04.2018

Од денес па натаму, жителите на општина Гостивар ќе можат да ги пријавуваат на лесен начин нивните поплаки за проблеми од категории како што се: отпадоци, дупки на пат, загадувачи на воздухот, јавно осветлување, оштетени тротоари, неисчистени улици и патишта од снег и мраз, како и други комунални проблеми со кои се соочуваат на местата каде што живеат и гравитираат. Ова, благодарение на воведувањето на онлајн платформата Prijavi.mk.

Во денешната промоцијата на оваа платформа пред претставниците на општинската администрација, граѓанското општество и граѓаните во салата на Советот на Општина Гостивар, градоначалникот Арбен Таравари истакна дека спроведувањето на ваквата платформа се роди како идеја за време на посетата на Општина Тирана, каде што веќе се применува слична платформа наречена “Мојата Тирана” и одлучил Општина Гостивар да биде прва пилот општина во Македонија во која ќе се стави во функција платформата Prijavi.mk.

“Општина Гостивар е прва општина која што воспоставува алатка за комуникација на граѓаните со општинските служби користејќи технолошки алатки во Македонија. Ние сме решени да продолжиме со транспарентност и отчетност кон граѓаните преку развивање на други технолошки алатки за развој на демократијата”, истакна меѓу другото Таравари.

Тој им се заблагодари на здружението Nexuѕ СС, Амбасадата на САД во Скопје и НВО Democracy Lab, што го овозможија воведувањето на оваа платформа.

“Наш план е по одреден период на успешна употреба на оваа платформа од страна на граѓаните на Гостивар, истата да се примени и во другите поголеми урбани општини во Македонија, каде што општина Гостивар ќе служи како позитивен пример. Би сакала да му се заблагодарам на градоначалникот Арбен Таравари што ни даде можност да го реализираме овој проект, како и општинската администрација за организирањето на овој настан денес”, истакна претседателката на Nexuѕ СС,Афродита Муслиу.

Поздравен говор одржа и претставникот на Амбасадата на САД во Скопје, Албион Абдулаи, кој рече дека се чувствува горд што поддржува еден ваков проект во Општина Гостивар и верува во успешноста на иститот.

Raporto.mk реално ќе ги одрази сите тешкотии со кои се соочуваат граѓаните на Гостивар, а одлучноста на раководтсвото на општина Гостивар е многу јасна и ќе се тежнее со човечките ресурси со кои располага, да се решат што повеќе случаи кои ќе бидат пријавени преку платформата.

Prijavi.mk. е креиран врз основа на отворената платформа FixMyStreet на MySociety и овозможена преку DemTools на Националниот демократски институт (NDI).

Платформата е дел од проектот “Граѓаните за општината: Заедно за транспарентност и отчетност” спроведен од страна на ГО NEXUS – Граѓански концепт и делумно поддржан со гран од Амбасадата на САД во Скопје, а за нејзина имплементација во Општина Гостивар, на 5 март, градоначалникот Таравари потпишаа Меморандум за соработка со претставниците на Граѓанската органиѕација Nexus CC.

Служба за информирање