13.05.2019

Како општина која предводи во справувањето со кучиња скитници во полошкиот регион, Општина Гостивар денеска се снабде со специјално возило за оваа намена. Возилото доаѓа како донација во рамките на проект финансиран од ЕУ и имплементирана од УНДП во соработка со Центарот за развој на полошкиот плански регион за долгорочно решевање на проблемот со кучиња бездомници.

Возилото, градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, му го предаде директорот Центарот за развој на полошкиот плански регион – Фатмир Саити, кој што откако ќе се регистрира, Општината ќе му го предаде на Јавното претпријатие “Комуналец”.

По примо-предавањето на возилото, градоначалникот Таравари и директорот Саити, одржаа прес-конференција.

“Во насока на долгорочно решение на проблемот со бездомни кучиња, Општина Гостивар има направено неколку значајни чекори со отворање на стационар и со вакцинирње и стерилизација на 240 кучиња скитници досега. Благодарение на еден проект со УНДП наскоро ќе биде отворен стациона со трипати поголем капацитет од постоечкиот и се надеваме дека тоа ќе не доведе во поволна ситуација. Птри оваа прилика, му благодарам на директорот на Центарот за развој на полошкиот плански регион г. Фатмир Саити што ја вреднуваше нашата досегашна работа и ја избра Општина Гостивар за предавање на оваа донација “, истакна Таравари.

Директорот Фатмир Саит информираше дека специјалното возило има капацитет за превезување на 10 кучиња скитници и дека возилото всушност е наменето за Полошкиот регион, но додека не се отврои Регионален центар за справување со кучињата скитници, возилото му се доделува на Гостивар како пштина која до сега превдои во справувањето со овој проблем.

Градоначалникот Таравари и директорот Саити, на прес-конференцијата и одговорија на бројни прашања на новинарите, при што најавија дека наскоро ќе почне асафлтирањето на патот до депонијата Русино и дека проблемите во врска со експропријацијата на тој пат се при крај. А во иднина ќе се изгради и пат од кај депонијата до магистралата Гостивар-Кичево, за да камионите со отпадоци кои доаѓаат од други општини, не поминуваат низ градот.

Служба за информирање