27.11.2019

На денешната вонредна седница на Советот на општина Гостивар, свикана од страна на градоначалникот Арбен Таравари, општинските советници едногласно усвоија  одлука за доделување на финансиски средства за граѓаните на Република Албанија погоедни од силниот земјотрес во Драч и околината. Висината на финансиските средства изнесува 1.084.500 денари од кои 184.500 денари како материјали а останатиот дел како финансиски средства

Изразувајќи им соќуство на семејставата на загинатите и посакувајќи им што посбрзо оздреавување на повредените, градоначланикот Таравари објасни дека средстава наменети за новогодишно украсување на градот, се пренаменуваат за оваа цел/ 

Исто така, советниците едногласно донесо одлука и за прогласување на тридневна жалост, како и формирање на кризен штаб за превоз на собраната помош за областите погодени од земјотресот 

Кризниот штаб се состои од градоначалник, претседателот на советот, секретар на општината, директорите јавните комунални претпријатија, командирот на полициската станица и директорот на здраствениот дом.

Служба за информирање