26.11.2019

Благодарение на еден проект на УНДП за финансиските индикатори на единиците на локалната самоуправа во РСМ, пошироката јавност има можност најтранспарентно да се информира околу приходите и расходите на општините, барем на оние кои ги објавуваат ваквите податоци.

Од Секторот за финансии и буџет на Општина Гостивар, информираат дека од пресекот на податоци за сите општини објавени на веб-страницата на овој проект, дошле до заклучок дека рекорден процент на реализација на капитални приходи за третиот квартал, односно за периодот јануари-септември 2019 година, бележи Општина Гостивар, и тоа на ниво 98,4%.

– Во третиот квартал сме реализирале 34.227.727 денари, а 572.273 остануваат за реализација. Ова значи дека во однос на планираното, реализацијата за овој период од годината е 98,4%, што претставува најдобар резултат споредено со сите други општини во Северна Македонија. Од табелата што ја подготвивме за споредба, може да се види дека доста развиени општини како што се Велес, Охрид и Струмица имаат многу низок процент во однос на нас, а има општини како што е случајот со Чаир, со реализација од 25%, додека, пак, Куманово и Струга избегнуваат да објавуваат податоци од областа на финансиите“ – вели Газменд Исмаили од Секторот за финансии на Општина Гостивар.

Од овој сектор известуваат дека ова е резултат на доброто планирање на буџетот и ефикасноста на општинската администрација, односно градоначалникот Арбен Таравари како предлагач бара од службите применлив буџет а не список на желби, а Секторот за финансии истиот го иготвува мошне професионално.

Линк и табела :http://indikatori.opstinskisoveti.mk/

Служба за информирање