03.10.2018

Индивидуален станбен објект, кој што не ги исполнуваше условите за легализација а се наоѓа на улица 18 Ноември која што води кон Полициската станица во Гостивар, беше срушен со цел да се офроми и прошити улицата која е во изградба.

Рушењето на објектот се одвиваше без никакви проблеми, бидејќи одлуката на Општината наиде на разбиорање кај сопственикот на објектот. Секретарот на општина Гостивар, Назми Јусуфи, информира дека до целосна реконструкција на оваа улица дојде како одговор на дамнешпното барање на локалните жители, бидејќи овој дел од улицата е доста фреквентен, а истата беше многу тесна, без одреден профил и со оштетен асфалт.

“Благодарение на решителноста на градоначланикот Арбен Таравари, денес го отстрануваме овој бесрпавно изграден објект за кој нема услови за легализација бидејчжи зафаќа пат. Во општина Гостивар отсуствувале големи проекти кои му даваат насока на равојот, па затоа во соработка и разбирање со граѓаните ќе се интервенира и во други населби за да се отвораат и прошируваат приоритетните улици“, вели секретарот Јусуфи.

На овој дел од улица “18 Ноември“ се врши целосна реконструкција, со поставување на нова водоводна и канализациона линија, нивелизација на постојните шахтити, изградба на тротоари и асфалтирање. Се очекува градежните работи да завршат за две недели.

Служба за информирање