18.02.2019

На адреса на Општина Гостивар, деновиве пристигнаа голем број телеграми со сочувтсво за жртвите и желби за брзо закрепнување на жртвите од трагичната автобуска несреќа во близина на селото Лаласкарце.

По тој повод, Општина Гостивар и градоначалникот Арбен Таравари, на сите нив  јавно им се заблагодаруваат.

Воедно, би сакале да им изразиме благодарност на житлеите на село Ласкарце, кои први им помагаа на повредените, на медицинскиот пероснал и на сите оние кои на било кој начин помогнаа во оваа трагедија да нема уште повеќе жртви.

Ваквите случаи никогаш да не ни се повторат!

Служба за информирање