ПОКАНА
ЗА УЧЕСТВО НА НАСТАН ЗА ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ПРОЕКТОТ „ПОДОБРУВАЊЕ НА ОТПОРНОСТА НА
ПОПЛАВИ ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН“
Почитувани,
Со задоволство Ве покануваме да земете учество на настанот за запознавање со неодамна започнатиот проект „Подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион“ кој ќе се одржи на 29 јануари 2019 година, во Хотел Меркур, Тетово, со почеток во 9.30 часот.

Проектот е финансиран од страна на Швајцарската влада а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, општините од Полошкиот регион и голем број на други релевантни институции.

Целта на настанот е здруженијата на граѓани активни во Полошкиот регион да се запознаат со:
а) главните сознанија од проценките на ризици од поплави во Полошкиот регион и предложените мерки за нивно ублажување;
б) целите и активностите на проектот планирани за наредните неколку години;
в) работата на новоформираната меѓуопштинска Мрежа за отпорен и заштитен Полог која е поддржана од проектот.

На настанот ќе се дискутира и околу поддршката што граѓанскиот сектор може да ја даде во зајакнувањето на вкупната отпорност на заедниците кон поплавите и другите придружни појави, како и можните модалитети за соработка со проектот.

Би биле благодарни доколку навреме го потврдите Вашето присуство на Ермира Фида, на ermira.fida@undp.org, или на 071-289-326 најдоцна до 21 јануари, 2019 год.

Ви стоиме на располагање за сите дополнителни информации

Покана и агенда