Почитувани љубители на спортот,

 

Утре (понеделник) со почеток во 10:00 часот во салата на Советот на Општина Гостивар, ќе биде претставен нацрт-Правилникот  за избор на најдобри спортисти на годината на општинско ниво.

 

По тој повод, ги покануваме сите спортисти, спортски клубови, спортски работници, медиумите и сите љубители на спортот да учествуваат во презентацијата и со свои забелешки, предлози и сугестии да дадат свој придонес во насока на изготвување на што подобар Правилник.

Со почит,

Општина Гостивар