10.11.2017

Поранешните градоначалници на Гостивар Руфи Османи, Енвер Зенку и Џемаил Мухареми, како и поранешниот претседател на Советот на Општината Рефик Даути, денес му беа гости на градоначалникот Арбен Таравари.
“Задоволство ми е што денес ги пречекувам сите поранешни градоначалници, би рекол, на демократски Гостивар од 1992 година па наваму, освен човекот кој не дојде ниту на примо-предавање на должноста, како и поранешниот претседател на Советот на општината г-дин Рефик Даути.

Се надевам дека ова ќе стане традиција во Гостивар, актуелниот градоначалник да ги прими на гости поранешните градоначалници, а зошто да не и како советници за напредок на управување со општината. Сега ќе разговараме и очекувам од нив да ме посоветуваат за тоа како да управувам со општината”, изјави кратко градоначалникот на Гостивар, д-р. Арбен Таравари.
Во име на гостите, изјава за медиумите медиумите даде и градоначалникот на Гостивар во периодот 1996-1998 и 2009-2013 година, др.проф. Руфи Османи.

“Дојдовме заедно за да на сегашниот градоначалник д-р. Арбен Таравари, му ја честитаме чистата демократска победа и да му дадеме поддршка за да ова биде успешен мандат и ако е има потреба да му понудиме стручна и менаџерска асистенција. Убеден сум дека со поддршка и на актуелната влада, која му е должна на д-р. Таравари, тој успешно да го започне и успешно да го заврши социјалното, економското и институционалното заздравување на Општина Гостивар “, рече Османи, изразувајќи убедување дека д-р Таравари, како што беше најуспешен министер, ќе биде и најуспешен градоначалник и ќе реализира повеќе од сите досегашни градоначалници заедно.

Поранешните градоначалници Османи, Зенку и Мухареми му подарија на сегашниот градоначалник Таравари уметничка слика, дело на познатиот сликар од Гостивар, Улбер Зулфиќари.

Информативна служба

 

.c-article-list .article-image a { height: 250px; }