Почитувани граѓани на Гостивар,

Ве информираме дека Меморијалниот марш во чест на жртвите и повредените во трагедијата кај Ласкарци, се одвива без проблеми и според планираната динамика.

Маршерите, моментално се на релација Тетово – Гостивар и се очекува кај Наплатната рампа во Гостивар, да пристигнат околу 17:00 часот.

Ги покануваме граѓаните кои од различни причини не биле во можност да ни се приклучат од самиот почеток, а кои сакаат да станат дел од симболиката на овој марш, да ни се придружат во 17 часот кај Наплатната рампа во Гостивар или да не пречекаат на градскиот плоштад околу 17:30 часот, каде што ќе заврши Меморијалниот марш.

Со почит,

Организациски одбор