10.11.2017

Во Центарот за култура во Гостивар, во салата исполнета до последно место, почна првото издание на Театарскиот фестивал “Отело” во организација на Здруженијата за култура “Отело” и “Фишта” од Гостивар.
Фестивалот го прогласи за отворен градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, кој пред гостиварските љубители на културата нагласи дека политиката треба да не се меша во културата и да дозволи таа слободно да дише.

“Имам чест да го прогласам за отворено првото издание на театарскиот фестивал “Отело”- Гостивар, во организација на КЗ “Отело” и КЗ “Фишта”, кој ќе трае до 13 ноември. Јас ја разбирам културата како духовна храна, па затоа се обврзувам дека Општина Гостивар во иднина ќе го поддржи овој фестивал, за да истиот стане традиционален театарски фестивал што толку многу му недостасува на нашиот град. Им честитам на сите оние кои придонесоа за да се реализира овој фестивала, особено на директорот на фестивалот Арѓент Хасани со кого го делиме мислењето дека политиката треба конечно да не се меша во културата и уметноста да дише слободно во иднина. Ве повикувам да ја пополниме салата на Центарот за култура исто како вечерва, и во другите вечери. Да уживаме и да ги наградуваме со аплауз актерите”, рече Таравари меѓу другото.

На присутните им се обрати и директорот на фестивалот, гостиварскиот актер Арѓент Хасани, кој при оваа прилика им се заблагодари на сите што придонесоа и помогнаа во Гостивар да се одржи вака важен фестивал.
“Успехот нема крај, идејата нема крај, затоа сум се потрудил до максимум за да нашите граѓани имаат што да видат, граѓаните да излезат од секојдневните кафеани и да дојдат да ја исполнат душата со уметност. Посакувам фестивалот да стане традиционален и да не застане тука. Ние сме отворени за сите уметници каде и да се, со единствена цел да посетителите да им го понудиме најдоброто. Му благодарам на публиката што може да го одржи овој фестивал во живот”, рече Хасани.

На првата вечер од фестивалот се прикажа комедијата “Животот со тебе” на театарот “Александар Мојсиу” од Драч со автор и режисер Ерион Каме.
Инаку, фестивалот има натпреварувачки карактер, а стручното жири го сочинуваат Сулејман Рушити, Исмет Рамадани и Музафер Етеми.

Информативна служба

.c-article-list .article-image a { height: 250px; }