22.07.2019

На денешната прес конференција, соработничкта за култура при Општина Гостивар, Имерлије Салиу ја презентираше агендата со активности во рамките на “Културно лето – Гостивар 2019”, кое и годинава го држи истото мото “Добредојдовте иселеници”, бидејќи се совпаѓа со престојот на нашите иселеници во родниот крај.

“Во агендата опфатени се разновидни културни проекти кои имаат финансиска и логистичка поддршка од Општината. Важно е да се напомене дека во овие активности се вклучени сите етнички групи кои живеат во нашата општина без исклучок, како и сите верски зедници. Годинава новост е The Park Festival, проект финансиран од Министерството за култура, од Општина Гостивар како и со сопствени средства на Здружението Inbox Entertaiment, на кој публиката ќе може да ужива во наредните два викенда, и тоа: 26, 27, 28 јули и 2, 3, 4 август“ истакна г-ѓа Салиу.

Таа информираше дека друг настан е “Fly Hike and Bike”, проект поддржан од Велика Британија, каде што граѓаните доброволоно ќе се приклучат на параглајдинг, велосипедизам и пешачење.

“Во рамките на Културното лето, четири проекти се финансиски поддржани и организирани од самата Општина, и тоа: New Stars Are Coming” – мултиетнички проект за промовирање на нови уметници од нашиот град, потоа Концерт со Илахии. Ќе има и Стенд ап комедија со Хасим Мемиши Сопи, како и манифестација посветена на Илинден“, рече во продолжение Имерлије Салиу.

Таа појасни дека во рамките на активностите е и проектот од Здружението Заедно Можеме, насловен “Спортот не обединува” каде учесници ќе бидат лица со посебни потреби. Како и научна конференција на тема “Етнокултурата во гостиварскиот крај”

“Како што можете да забележите, простор за соработка имаа сите здруженија и граѓани кои имаат желба и волја за соработка“, подвлече Салиу.

Таа ги повика граѓаните на Гостивар да станат дел од оваа агенда, а на иселениците им посака пријатен престој во родниот крај.

Служба за информирање