На денешната прес конференција во врска со разрешувањето на директорите Гостиварските училишта се изјасни Шкелќим Весели од правната служба на општина Гостивар.

Познато е дека два пати по ред на градоначалникот на Гостивар му се одземаат надлежностите од страна ана министерот за образование, во делот на назначување и разрешување на директори.

Во периодот кога надлежностите ги врши министерот, сите дејствија ги преезема во име и за сметка на градоначалникот на Гостивар, како што е наведено во диспозитивот на решението.

Со првото одземање на ингеренциите, министерот назначи директори во сите oпштински основни и средни училишта  во Гостивар. Исто така, има посебен случај бидејќи министерот во овој период го прогласи за ништовно решението за избор на директор во ООУ Перпарими, со образложение дека јавниот оглас не бил во согласност со законот.

Со враќање на надлежностите и знаејќи за решението на министерот, Градоначалникот на Гостивар му се обрати на Државниот просветен инспектоарт (ДПИ), за даја  утврди тврдувајќи состојбата во сите училишта на Општина Гостивар.

ДПИ со известување има утврден дека во сите училишта јавниот оглас за избор на директор не било во согласност со законот.

По истекот на решението за одземање на ингеренциите, градоначалникот ги презеде сите дејствија во согласност со законот за евитирање на незаконскитените дејствија на министерот во негово име и сметка. Имено, градоначалникот, во сите основни училишта ги поргласи за ништовни решенијата за избор на директори, бидејќи јавниот оглас за нивен избор не бил во согласност со законот, а бидејќи Законот за средно образование не предвидува точно на колку дневни весници мора да се објави огласот, е извршено разершувањето на директорите.

По овие дејстива, Државниот просветен инспектоарт изврши вонреден надзор во сите училишта. За истиот случај, имаме две различни уптаства од нивна страна.

Во ООУ Исмаил Ќемали, беше констатирано дека нема никаков прекршок од страна на градоначалникот.

За истиот случај во едно друго основно училиште, е дадено упатство за други дејствија

Целата оваа постапка е забрзана од страна на Државниот просветен инспектоарт за да се стигне до политичката цел, да му се одземат овластувањата на градоначалникот. Така, мисијата на ДПИ била да се дојде до одземање на надлежностите, знаејќи дека Второстепената комисија за одлучување на управна постапка постапка по работни односи е надлежно тело за одлучување.

Министерот за образование му ги одзема надлежностите на градоначалникот без да има  одлука од второстепената комисија како надлежен орган, со цел тој да одлучува врз основа на одлуката на комисијата.

Потоа, имаме одлуки на второстепената комисија кои се идентични со првото решение со кое се одземаат надлежностите. Тука се нагласува дека градоначланикот не е ниту првостепено, ниту второстепено тело, ниту орган кој може да врши контрола! Јавно ги прашуваме овие институциикаков орган е  тогаш градонаќалникот?

Градоначалникот е првостепен орган, во чије име и сметка министерот за образование назначил и разрешил директори во својство на првостепен орган во периодот во кој ги извршувал надлежностите во тој дел. Нe може некој во име и за сметка на градоначалникот да може тоа да го стори, а за истите постапки градоначалникот да нема можност во свое име и за сопствената сметка да дејствува.