23.11.2018

Раководителката на Секторот за јавни дејсности при Општина Гостивар, Аслиан Снопче, денеска одржа прес-конференција во всрка со враќањето на надлежностите во образованието на Општина Гостивар, односно на градоначалникот Арбен Таравари. Таа, при оваа прилика ги наведе потфрлуваењата и злоупотребите во образованието во овие 9 месеци кога централната власт ги имаше надлежности и истакна дека отсега образованието ќе биде департизирано и дека секогаш ќе се залага за образование со стручни луѓе.

Содржината на прес-конференцијата, ви ја проселдуваме интегрално:

“Почитувани граѓани , почитувани новинари
Оваа прес конференција е свикана со цел да Ве известам дека после 9 месеци, ингеренциите во образованието во делот на назначување и разрешување на директори во училиштата, од денес повторно со во рацете на Општина Гостивар.
По одземањето на ингеренциите беа назначени нови Директори од страна на Министерството за образование.

А со почетокот на новата учебна 2018/2019 година новоназначените Директори на голем број наставници не им ги продолжија договорите, иако сите беа професионалци во својата работа и ги исполнуваа сите законски услови за работа.
Од страна на наставниците но и родителите, добивме многу поплаки и поради тоа поведовме повеќе иницијативи за вршење на вондредни инспекциски надзори до Државниот просветен инспекторат и Државниот трудов инспекторат за што одржавме и неколку пресови на кои бевте присатни.
Од наведените инспекторати добивме известувања од констатирани неправилности во училиштата со кои се потврдија нашите сомневања , а се однесуваат на следново:

Во сите училишта работат наставници без претходно добиена согласност од Градоначалникот,
Во сите училишта работат наставници кои не се пријавени во АВРМ и ПИОМ.
Во сите училишта Дневниците ги водат наставници кои не се пријавени во АВРМ и ПИОМ
Од некои Директори на училишта се објавени огласи за јавна набавка за превоз на ученици спротивно на нивните надлежности,
Некои Директори објавиле огласи за вработување на наставници без согласност од градоначалникот спротивно на Законот за основно и средно образование.

Во некои училишта се вработени лица кои не се соодветни.
Ова се големи прекршувања на надлежностите од страна на Директорите ,а се разбира ние како Општина сме должни да ги превземеме сите законски мерки против Директорите, а со цел одстранување на сите неправилности нанесени од Директорите на училишта во Гостивар.

Последниот случај на партизација на образовнието во Гостивар е она што се случи вчера. Замислете не му го продолжија договорот за вработување на професорот Кимет Јусуфи – меѓунардоно признат професор. Со 50 научни трудови во разни меѓународни списанија за физика, каде што му го обеле лицето на цел Гостивар. Стручњак од прва класа. Тешко да се најде дури универзитетски професор во Македонија со толку богато научно СиВи како што е професорот Кимет Јусуфи. Ако и во случајов се бара партиска книшка на ДУИ, тогаш навистина сме за жалење.

Ние како општина секогаш ќе се бориме да имаме образование со вработени професионалци а не партизирано образование како што е сега во Општина Гостивар.
За сите изнесени информации на овој прес ,за непочитување на законските одредби од страна на Директорите имаме и докази од надлежните институции.

Ви благодарам за присуството.“

Служба за информирање