24.04.2018

ДУИ успеа преку разни притисоци врз владата на Заев, да му ги одземе ингеренциите во образованието на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Алудирајќи на тоа дека ќе воведат ред во образованието, донесоа принудни директори кои ги кршат законските одредби.

Во средното медицинско училиште, директорот Агрон Алили, на 23.04.2018 објави оглас за работни места на определено време до 31.08.2018 година, за истите работни места во кои претходно беа ангажирани професори и педагогот на училиштето, со договор од 18.01 до 31.08.2018 година.

Со оглед на тоа што директорот објавува конкурс без да има ита потреба или недостиг на кадри, во време кога има наставници ангажиран во истиот временски период, тој прави законски прекршок, што нема како поинаку да се објасни, освен како политички реваншизам, што сериозно го поткопува квалитетот на наставниот процес и правата на работникот кој е во работен однос.

Бараме јавно, а ќе побараме и институционално од надлежните органи како што се Државниот инспекторат за образование, Трудовиот инспекторат, Народниот правобранител итн. заштита на наставниците и на педагогот на средното медицинско училиште “Гостивар“.

Служба за информирање