04.01.2019

Триста работни униформи од висок квалитет му се доделуваат на општина Гостивар како донација од реномираната компанија “Еагле”.

Првите униформи од оваа донација му беа предадени на градоначалникот Арбен Таравари, од страна на претставникот на оваа компанија, Баки Сулејмани од Гостивар.

“Компанијата Еагле му донира на општина Гостивар 300 пара униформирани облеки, и тоа за чуварите на Општина Гостивар 8 пара, за вработените во ЈП Комуналец – 150 пара, за Паркинзи и зеленило – 70 пара за ученичкиот дом – 30 пара, како и за пожарникарите – 50 пара кои што ги примивме денес. Му благодарам на Роланд, Јетмир и Баки, како и на компанијата Еагле кои ја даваат оваа многу значајна доанција. Униформите за сите вработени се исти, а ќе се разликуваат само по бојата. Инаку, компанијата Еагле е реномирана компанија за производство на униформи, која исто така произведува дресеви за многу фудбалски клубови кои се натпреваруваат во европските лиги. Се надеваме дека до февруари ќе ја примиме целата донација и им ја пподелиме на вработените во општина Гостивар и во претпријатијата во нејзина надлежност, и тие ќе имаат квалитетна работна униформа“, изјави градоначалникот Таравари.

Баки Сулејмани му се заблагодари на градоначалникот на Гостивар и на општинската администрација за плодната соработката која трае веќе шест месеци, и истакна дека благодарение на оваа соработка во Гостивар ќе се одржи Фудбалскиот камп Едмилсон и ќе има и други донации кои одат во полза и во интерес на општеството во Гостивар.

Во знак на почит и благодарност, градоначалникот Арбен Таравари му поклони симболичен подарок на координаторот на донацијата, Баки Сулејмани.

Служба за информирање