31.07.2018

Инвеститорот на еден бесправно изграден објект во близина на поранешното градско  кино во Гостивар, по добивањето на решение од страна на Општина Гостивар, денеска самиот ја отстрани дивоградбата.

На местото на настанот, заедно со овластените општински службеници излезе и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, кој повторно информираше дека ќе се рушат сите дивоградби кои ги зафаќаат уливците и го блокираат слободниот сообраќај на подрачјето на општина Гостивар.

Таравари ги повика сопствениците на градбите за кои е издадено решение за отстранување, сами да ги рушат објектите и да ги одбегнат непотребни трошоци за принудно рушење.

Тој, исто така, ја информираше јавноста дека во наредните денови ќе бидат отстранети уште 5-6 вакви објекти.

Инаку, акција за отстранување на бесправно изградени објекти во Гостивар, започна вчера, кога општинските извршители отсранија еден ѕид во населба Питарница шго го попречувашеотворањето на една улица во оваа населба, проблем кој датира од пред околу 30 години.

Од Секторот за урбанизам при Општина Гостивар, апелираат до граѓаните да не градат без соодветна дозвола, бидејќи ќе се соочат со сите мерки во согласност со позитивните закони на Република Македонија.

Служба за информирање