25.11.2017

Гостиварските општински советници, на денешната вонредна седница на Советот на Општина Гостивар, едногласно донесоа одлука за измена на распределба на буџетот на Општина Гостивар, со што се овозможува исплата на ноемвриските плати за околу 1000 вработени во општинските основни и средни училишта.

За да ги расчисти сите дилеми во врска со пречките кои доведоа до доцнење на платите и револт кај просветните работници, преку прес конференција се изјасни градоначалникот Арбен Таравари.

Пред една недела се конституираше Советот на Општина Гостивар, 15-те советници кои не се дел од новото мнозинство, особено советниците од локалната коалиција во Општина Гостивар “Алијансата на Албанците“ и ‘Движењето Беса“, предложивме да се направат измени во буџетот, но тоа беше одбиено од другите 16 советници. Тие постојано така прават, се што ќе биде предложено тие го одбиваат. По моја иницијатива и со мое инсистирање, беше свикана вонредна седница, бидејќи условот беше исполнет со фактот дека се загрозуваат платите на 1000 вработени. Денес беше изгласано да се направат измени во буџетот. Многу ми е мило што тоа се случи по мое инсистирање, но и со поддршка на сите присутни советници, едногласно“, истакна градоначалникот Таравари.

Но, рече градоначалникот, се појавува нов проблем. “Ова мнозинство се обидува постојано да блокира. Согласно законот јас имам обврска до 31 декември да го донесам буџетот на општината за 2018 година. Овој буџет го имаат изготвено професионалци на Општина Гостивар и тој е доставен до советниците во законски предвидениот рок. Буџетот го предложив јас како градоначалник и барав да го дискутираме, барем да влезе како точка на дневен ред на седница на Советот, но тоа беше одбиено од мнозинството. Ова може да ја кочи работата. А дали ќе има последица од тоа? Јас ќе се обидам како градоначалник, ќе зборувам и со Министерството за финансии за да се финансираме времено во првите 3-4 месеци од наредната година. Но сакам да ве информирам, дека успешноста во работата на Општина Гостивар практично се кочи од 16-те советници од ДУИ, СДСМ, партијата на Весел Мемеди и советникот од ДСР- Кашмир Салиу“, нагласи градоначалникот.

Тој објасни дека, тие имаат некои чудни. “Бараат да вработиме партиски војници во образованието. Јас тоа нема да го дозволам, бидејќи јас сум кажал дека се додека сум јас градоначалник нема да дозволам образованието да се политизира. Втора работа е што бараат да земаат плата и лица кои воопшто не доаѓаат на работа. Јас им објаснив дека изминало времето кога вработени кои седеле дома, земале плата. Тие ми се оправдуваа со фактот дека тоа така било. Но, веќе не може така да се дозволи. За овие работи јас нема за што да разговарам со нив“, дециден беше градоначалникот.

Во врска со обвинувањата од советниците од мнозинството дека општинската администрација е неспособна и дека не работи градоначалникот објасни дека администрацијата е отворена и транспарентна како никогаш до сега. “Јас и мојот кабинет работиме и за викенди. Немало сабота и недела да не дојдеме на работа во општината и да не завршиме некоја работа. Ние сме подготвени да работиме деноноќно и администрацијата ќе ги извршува своите задачи за кои зема плата“, појасни Таравари.

На новинарско прашање кои би можеле да бидат последиците од недонесување на буџетот, градоначалникот со одговор:

Ако не се стави ниту како точка на дневниот ред во законски определен рок, а предлогот за буџет е доставен правовремено, јас како градоначалник сум обврзан да го информирам Министерството за финансии и да барам времено финансирање во висина од една третина од буџетот за 2017 како што е пропишано со закон. Ќе чекаме до петокот барем да се стави на дневен ред. Потоа ќе ја разгледаме и можноста за распишување на локални избори, ако не помине буџетот. Бидејќи тоа е една од можностите за распуштање на советот, поради тоа што во таков случај не можеме ниту да функционираме како општина“.

Служба за информирање