17.12.2018

Со сопствени средства и со помош на Општина Гостивар, денес завршија работите за реконструкција на двете најголеми градинки кои функционираат во рамките на ЈУ Детска градинка “Детска радост” – Гостивар.

Во главната градинка “Пролет” направена е речиси целосна реконструкција на објектот при што се реновираа санитарните јазли, се уредија занималните – кречење на ѕидовите, поставување на ламинат и паркет, реновирана сала – отстранување на лампериите и керамичките плочки, крешење на ѕидовите и поставување на линолеум. Целосна поправка на водоводната инсталација и осветлувањето на внатрешните простори. Исто така поставени се нови врати во санитарните јазли и занималните, апоставени се и нови завеси. Покрај тоа, се очекува наскоро да се постават нови детски гардероби и табли за цртање во занималните.

Интервенции се направени и во градинката “Цветови”, каде што се искречија внатрешните простории на објектот и дел од фасадата, а се уреди и салата и се реновираше постојниот паркет.

Заради изведување на работите, во последниве неколку недели градинките работеа со нецелосен капацитет. Од утре, тие ќе продолжат да работат под нормални услови. Од Општина Гостивар и ЈУДГ “Детска градинка” им се заблагодаруваат на родителите за разбирањето.

Информативна служба