04.07.2018

Остварените јавни приход во консолидираниот буџет на Општина Гостивар за првото полугодие од 2018 година, односно за периодот од 01.01.2018 до 30.06.2018, достигнаа вкупен износ од 467.660.829 денари, каде што се вклучени и трансферите од претходната година, а што претставува 44,30% од планираните приходи за буџетот од 2018 година кои изнесуваат 1.055.777.000 денари.

Споредено со истиот период лани, годинава се бележи раст на приходите во износ од 57.408.903 денари, или изразено во проценти околу 14%.

Овој раст се должи на зголемување на даночните приходи во износ од 15.208.186 денари, на неданочните приходи во износ од 3.575.231 денари, донации и траснфери 37.702.440 денари, како и капитални приходи во износ од 923.046 денари.

Што се однесува на трошоците за првата половина од оваа година, тие изнесуваат 428.452.210 денари, или 40,58% од планираните расходи на консолидираниот буџет за 2018 година.

Споредено со претходната година, извршувањето на расходите се зголеми за 23.805.894 денари, односно околу 6%.

“Ова е добар показател дека буџетот ќе надмине 80 отсто, што значи дека буџетот за оваа година би можел да помине само низ мали промени и дополнувања во првиот ребаланс. Исто така. извршувањето на буџетот за овој период од годината може да се смета како мошне успешно, со оглед на фактот дека дури три од првите шест месеци, Општина Гостивар работеше со привремен буџет, којшто е доста рестриктивен и предизвикува големи застои во реализација”, истакнуваат од Сектор за финансии при Општина Гостивар.

Информациите за приходите и расходите реализирани во општинскиот буџет, ажурирани по месеци, како нова поѕитивна пракса во Општина Гостивар, можете да ги најдат на следниот линк:

http://gostivari.gov.mk/wp-content/uploads/2018/07/Raportet-per-Web-faqen-e-Komunes-1.pdf

Служба за информирање