24.07.2018

Познататра албанска презентерка Албана Османи која ја предводи сензибилирачката кампања “Ти си сончоглед”, беше ја посети Општина Гостивар, при што беше пречекана од градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и членовите на неговиот кабинет.

“Горд сум што Гостивар станува дел од оваа кампања и ги повикувам граѓаните на Гостивар, а посебно бизнисмените, да се приклучат на оваа иницијатива. Посакувам оваа иницијатива да биде успешна и што поскоро оваа мисија да се прошири и во Гостивар и Македонија и да им помогне на децата кои страдаат од болести на крвта. Ги знаеме лошите услови во кои се третираат децата со овој вид на болест, како во нашата земја така и во земјите од регионот, така што мислам дека оваа мисија треба да се поддржи и прошири за да на овие деца им се овозможи соодветен медицински третман” истакна Таравари.

Албана Османи истакна дека е задоволен од текот на оваа кампања во Македонија и дека е многу среќна што во нејзиниот тим има човек од Гостивар.

“Ќе се залагаме да сториме сé од човечка страна, а останатото да се остави во Божји раце. Би ги повикала граѓаните на Гостивар да нарачаат од маичка и да придонесат за третманот на овие деца. Вашиот придонес ќе оди сто проценти за овие деца”, истакна Албана Османи.

Маички од сенззибилирачката кампања „Ти си сончоглед“ можат да се нарачаат во канцеларијата на Аграм Констракшн во Гостивар.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари купи маички за општинските службеници во поддршка на оваа иницијатива и со цел поттикнување на граѓаните на Гостивар да придонесат во овој правец. Собраните средства ќе одат за медицински третман на заболените од болести на крвта, канцер и леукемија кои се лекуваат на Клиниката за онкологија во Клиничкиот центар “Мајка Тереза” – Скопје.

Служба за информирање