27.08.2018

Во склоп на последователните инвестиции во областа на инфраструктурата, последниот во низата проекти на Општина Гостивар е изградбата на канализација во село Мало Турчане.

Ова е уште едно остварено ветување на градоначалникот Арбен Таравари, дадено на жителите на Мало Турчане како нивно разумно барање, при неговата посета на ова село минатиот петок.

Канализационата линија е во должина од околу 2000 метри, а со нејзина изградба се решава проблемот на целото село.

Општина Гостивар веќе е влезена во фаза на инвестициски бум, а во септември започнува реализацијата на уште повеќе проекти од областа на инфраструктурата и подобрувањето на квалитетот на живеење на граѓаните на Општина Гостивар.

Информативна служба