31.01.2018

При неодамнешната посета на градоначалникот Арбен Таравари во село Форино, жителите од ова подрачје изразија загриженост во врска со патот Чајла-Форина, каде што гранките на дрвјата долж патот, го попречуваат слободниот проток на возилата.

По наредба на градоначалникот Таравари, Јавното претпријатие “Јавни паркиралишта и зеленило” започна акцијата за кастрење на дрвјата низ целата должина на патот.

“На оваа делница од регионалниот пат, која што е и најтесна, гранките од дрвјата долж патот ја намалуваат видливоста, а особено го попречуваат протокот на возила од поголемите категории, со што се загрозува безбедноста во сообраќајот на патиштата. На барање на жителите од подрачјево и по налог на градоначалникот Арбен Таравари, ја презедовме оваа акција и истата е при крај”, истакна директорот на претпријатието Музафер Зулбеари.

Вреди да се спомене дека патот Чајле-Форино е дел од регионалниот пат Гостивар-Чегране-Тетово кој е во надлежност на ЈП “Македонски патишта”. Но, поради небрежност на ова претпријатие, Општина Гостивар, со цел да не страдаат граѓаните, е принудена во одредени случаи да интервенира со сопствени средства.

Служба за информирање