30.04.2018

Изминатиот викенд , на 28 и 29 април, се одржа меѓународен натпревар во Параглајдерство – прецизно слетувањe “Маврово Опен” 2018 во организација на Летачки Клуб Кондор од Гостивар, со поддршка и на Општина Гостивар.

Свеченото оттварање се одржа во сабота во 10 часот на Спортскиот Стадион Маврово, каде што поздравен говор одржа и портпароклот на општина Гостивар, Јасин Демири.

На натпреварот зедоа учество пилоти на крила од 6 држави, Македонија, Албанија, Косово, Турција Србија, Бугарија и Романија.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, учествуваше на церемонијата на прогласување на победниците што се одржа в недела во 15 часот.

“Му честитам на клубот Кондор од Гостивар, а особено на претседателот на клубот Ментор Саити за оваа одлична организација. Им честитам на победниците, но и на сите учесници од разни балкански земји и се надевам дека се воодушевени од прекрасниот пејсаж што го нуди Маврово и топлото гостиварско гостопримство. Општина Гостивар секогаш ќе биде на располагање на сите спортско-рекреативни активности како мoшне важен дел од животот младите и на луѓето во општо”, рече меѓу Меѓународниот натпревар во параглајдерство “Маврово Опен” 2018, е дел од календарот на Интернационалната Воздухопловна Федерација (FAI), а се реализира со поддршка на Воздухопловна Федерација на Македонија.

Служба за информирање