29.06.2018

Завршија работите за изградба на нова детска игротека кај колективните згради спроти големиот градски пазар во Гостивар. Како дел од проектот на Општина Гостивар за изградба на четири нови и реновирање на две постојни игротеки на територијата на општината.

Новата ирготека веќе е ставена во функција и се користи од страна на децата кои живеат во овј дел од градот, а родителите велат дека се презадоволни што имаат можност почесто да ги носат тука децата, како и полесно да ги имаат под контрола, поради блискоста на игротеката со нивните домови.

Претходно се изгради игротека во дворот на ОУ “Фаик Коница” во село Дебреше и спроти Судот во Гостивар, во која се инсталираше и јавно осветлување, за да може да се користи и во вечерните часови.
За уредување на детски игротеки, Општина Гостивар од својот буџет има издвоено околу 2,3 милиони денари. Но, покрај игротеките кои се предвидени за оваа фаза, во нареден период ќ бидат изградени уште неколку други во градот и низ селата.

Служба за информирање