12.10.2018

На главните градски улици во Гостивар, во тек е поставување на хоризонтална сигнализација.

Се обележуваат надолжните линии на улиците, пешачките премини, сообраќајните стрелки и друга потребна сигнализација. Компанијата што победи на јавниот тендер, за обележување на улиците користи соодветна рефрактирачка боја која ги исполнува современите стандарди за оваа намена.

Со обележување се започна на улиците во близина на ОУ “Гоце Делчев”, за да продолжи на улица “Седек Костоски“ и улица “101”.

Со цел да не се попречува движењето на возилата, во главно се работи во доцните вечерни часови, кога фреквенција во сообраќајот е многу мала.

Акцијата за обележување на главните градски улици во Гостивар ќе се продолжи додека ќе дозволат временските услови.

Служба за информирање