10.05.2019

Општина Гостивар започна со санирање на главните градски улици на градот.

Првично ќе се закрпат ударните дупки на улица Илинденска и дел од улицата “Живко Брајкоски”, а потоа ќе се интервенира и на улиците каде што интервенцијата е неопходна.

– Од увидот на терен констатиравме дека од главните градски улици, улицата Илинденска од кај поранешен Млин до зилезот од градот, како и на кракот до железничкиот премин, асфалтот е многу оштетен и има многу удартни дупки. Така што започнавме со работите токму во овие делови. По санација на овие улици, ќе продолжиме со санација и на другите градски улици каде што ќе оцениме дека интервенцијата е неопходна “, вели Бесим Догани – одговорен во Канцеларита за локален економски развој и имплементација на проекти при Општина Гостивар.

Од ЛЕР канцеларијата информираат дека во тек се градежните работи за асфалтирање на една улица во населбата Карагач, во должина од 365 метри и широчина од 5 метри. Во периодот што следува, ќе се реализираат и други инфраструктурни проекти во рамките на Развојантаа програма на Општина Гостивар за 2019 година, чија реализација беше во застој поради неможноста на отворање тендери во изборен период.

Служба за информирање