26.06.2018

По реновирањето на внатрешните простории и подготвувањето на една просторија за кабинет за третман на деца со аутизам, во Ученичкиот дом во Гостивар, се работи и за уредување на дворните површини.

“Почнавме да го уредуваме дворот на Ученичкиот дом, односно да садиме декоративни дрвја и да ги уредуваме зелените површини, се со цел објектот да си добие соодветен изглед”, вели директорот Шпенд Сулејмани.

Сулејмани им се заблагодарува на Општина Гостивар и на гостиварските бизнисмени за континуираната поддршка, благодарение на што овој ученички дом, кој до неодамна личеше на напуштена зграда, се претгвора во погодна средина, како одвнатре така и однадвор, за целта за која е наменета.

Служба за информирање