07.06.2018

Амбасадорот на Словачка во Скопје Хенрик Маркуш ја посети денес Општина Гостивар, каде што се сретна со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. На средбата присуствуваа и поранешниот амбасадор на Словачка во Скопје, сегашен шеф на мисијата на ОБСЕ во Братислава, Роберт Кирнак и претседател на Алијансата за Албанците, Зиадин Села.

На состанокот се разговараше за актуелната состојба во општината и во земјата, како и односите на централната власт со локалната самоуправа во Гостивар.

“Имавме конструктивен и мошне плоден разговор. Нормално, нам ни се пријатели сите претставници на меѓународната заедница и тие секогаш се добредојдени во нашиот град”, рече на прес-конференција по состанокот градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Тој, исто така, им објасни на новинарите зошто на средбата присуствуваше и претседателот на Алијансата за Албанци, Зиадин Села.

“Тоа беше двостран договор помеѓу нас и Амбасадата на Словачка, за да на средбата присуствува и претседателот на партијата Алијанса за Албанците, господинот Зиадин Села, за да се направи анализа на односите помеѓу позицијата и опозицијата. Гледате дека владата има некоректен однос кон локалната власт во Гостивар, но бидејќи сега е актуелно прашањето за името и интеграцијата на земјата во НАТО, тоа го става во сенка проблемот. Но, сите дипломати и нашите пријатели се свесни за она што се случува во општина Гостивар, како една од главните општини во земјава”, појасни Таравари.

Изјавата по средбата даде и словачкиот амбасадор …, кој истакна дека ова е негова прва посета по назначувањето на оваа функција во месец февруари година

“Жал ми е што не сум можел да дојдам порано, но многу сум среќен што дојдов тука денес. Посебно ме радува фактот што имавме многу охрабрувачки разговор со градоначалникот Таравари. Тука имаме и претставници на ОБСЕ, бидејќи следната година Словачка ќе претседава со оваа организација. Посебно сум среќен што тука со нас е поранешниот амбасадор на Роберт Кирнак, кој одлично ја претстави Словачка, ен само во Гостивар туку во цела Македонија”, истакна меѓу другото словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш.

Служба за информирање