29.08.2018

Општина Гостивар, чувствува обврска на јавноста, особено на учениците, нивните родители и на просветните работници, да им објасни и аргументира дека сите обврски кон основните и средните училишта, ги извршува правовремено и со полна одговорност.

На Општина Гостивар и се префрлуваат средства од централната власт во форма на блок дотациите, кои за 2018 година се планирани во износ од 600.266.000 денари, наменети за основните и средните училишта, детските градинки и противпожарната единица.

Заклучно со денешен ден, од планираните 385.187.374 денари реализирани се 383.263.721 денари или во проценти 99,50%, додека 0,5% се во фаза на реализација.

Покрај блок дотациите, на горенаведените субјекти, Општина Гостивар им префрлува средства од основниот буџет, како одраз на добра волја на градоначалникот, што претставува ретка пракса во Македонија. Конкретно, во однос на областа на образованието, Општината на училиштата и градинките досега и префрлила над 9.000.000 денари или околу 150.000 евра од својот основен буџет.

Од ова што беше објаснето погоре, лесно може да се разбере дека покрај тоа што Општина Гостивар на училиштата им ги префрлува средствата од блок дотациите како условени финансиски средства кои не можат да се користат за ниту една друга намена, таа од својот основен буџет одвојува и дополнителни средства за поддршка на основните и средните училишта, сé со цел успешен тек на образовниот процес, како една од областите за кои градоначалникот Таравари сде обврза дека ќе му посвети посебно внимание и со сите средства ќе се бори образованието да се деполитизира и департизира.

Повторуваме дека сите обвинувања насочени кон градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари од страна на принудните директори на училиштата (партиски војници на ДУИ), се политички мотивирани и нарачани од страна на лицето кое сеуште не може да се пмири со фактот дека ги изгуби последните локални избори и покрај ангажманот во негова полза на целокупниот државен и полициски апарат на Република Македонија.

 Служба за информирање