30.03.2020

Кризниот штаб во Гостивар, во кој се опфатени општините Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше, одржаа состанок на кој се разгледа актуелната состојба со коронавирусот и се утврдија мерките што треба да се преземат во наредниот период.

Состанокот со кој, во својство на пертседател на Кризниот штаб, го престедаваше градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, а присуствуваа и градоначалниците на Врапчиште Исен Шабани и на Маврово-Ростуше, Медат Куртовски.

Тројцата градоначалници и претставници на соодветните институции и органи известија за актуелната состојба, мерките што ги преземаат и предизвиците со кои се соочуваат.

Меѓу оние кои рапортираа беа началникот на ОВР – Гостивар, директорите на Општата болница и на Здравствениот дом, претставничката на Центарот за управување со кризи, претставничката од Дирекцијата за спасување, како и претставници на разни инспекторати, кои нивните надлежности ги спроведуваат на ниво на трите општини.

За разлика од претходните состаноци, денес беа поканети и претставници на Црвениот крст – Гостивар и невладини организации.

Општ заклучок беше дека ситуацијата генерално е под контрола и дека проблемите со кои се соочуваат и институциите и самите граѓани се прифатливи и може да се минимизираат со засилена соработка и координација.

Во поширокиот гостиварски регион има само една жена регистрирана со коронавирус, која утре ќе биде пуштена на домашно лекување но ќе биде во самоизолација наредните 14 дена, а вкупно тестирани се 36 лица.

За да се канализира дистрибуцијата на помош за ранливите семејства, утре во 11:00 часот ќе се одржи состанок во салата Советот на Општина Гостивар за да се утврдат мерките што треба да се преземат во согласност со нормите за итни случаи.

Градоначалникот на Гостивар им се заблагодари на институциите што ја извршуваат својата должност на потребно ниво, а особено на граѓаните за нивното совесно однесување и за почитување на препораките на Владата.

Наредниот состанок на Кризниот штаб, градоначалникот Таравари го закажа за во четврток во 11:00 часот во салата на Советот на општина Гостивар.

Служба за информирање