24.09.2018

Технолошка опрема, поточно 16 компјутери и 16 проектори, беа донирани од страна на Сојузот на турски општини во светот (СТОС), кои во петокот ги дистрибуираа низ неколку гостиварски училишта, градоначалникот Арбен Таравари и генералниот секретар на СТОС, Фахри Солак.

При примањето на донацијата, градоначалникот Таравари изрази задоволство што е домаќин на генералниот секретар на СТОС, Фахри Солак кому му се заблагодари за донацијата и подготвеноста во иднина ваквите донации не само да не отсуствуваат, туку во иднина соработката да се издигне на највисоко ниво за конкретни проекти во различни области.

“Им благодарам на Сојузот на турските општини во светот за донирањето на 16 лап-топи и 16 проектори за јавните училишта во општина Гостивар. Поделивме опрема во средното економско училиште. потоа во специјалната паралелка во ОУ Исмаил Ќемали, како и во други училишта каде што беше потребно. Со генералниот секретар, г. Солак имаме коректни односи и суштинска соработка. Мислам дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму и тоа со спроведување на заеднички конкретни проекти во различни сфери “, рече градоначалникот Таравари.

“Гостивар е посебен град во Македонија, каде што ние поддржуваме разни активности. Во овој случај ние донираме технолошка опрема за гостиварските училишта, но поддршка во иднина ќе се зголеми со други проекти, со цел да се подобри квалитетот на услугите во општината “, изјави Солак.

Тој му се заблагодари на градоначалникот Арбен Таравари за неговата подготвеност да соработува во реализацијата на заеднички проекти што се очекува да се спроведат во иднина.

Служба за информирање