26.12.2017

Јавното претпријатие “Јавни паркинзи и зеленило” во низата акции за уредување на на јавните површини и зеленилото, деновиве работи во уредување на зелените површини кај блокот станбени згради на левата страна од реката Вардар, односно спроти големиот градски пазар.

“Во моментов се работи на блокот колективни згради кај улица Кеј Вардар спроти градскиот пазар, каде што се сечат гранки од дрвја кои го попречуваат нормалното движење на пешаците”, известуваат од претпријатието.

Покрај хортикултурно уредување, вработените во ова претпријатие, вршат и чистење на каналот за наводнување.

“Работиме на расчистување на каналот за наводнување по должината низ градот. Се сече непожелната вегетација и се отстрануваат отпадоците. На овој начин ќе се отстрани лошиот изглед, но и ќе се оспособи каналот за да биде функционален” известуваат од ЈП “Јавни паркинзи и зеленило“.

Служба за информирање