26.12.2017

Градоначланикот на Гостивар, Арбен Тараври, муи се обрати со службен допис на командирот на Полициската станица Гостивар, Гази Абдурахмани да се покаже покоректен и полернатнен кон иселениците кои престојуваат во родниот крај за време на новгодфичните празници.

Почитуван командир на Полициската станица Гостивар, г-дин Гази Абдурахмани, сум се обидел да ве контактирам неколку пати, но беше невозможно. Не сакам никако да верувам дека сте ме избегнувате или сте ми правиле опструкции, бидејќи сум склон да верувам во вашата посветеност на зададената задача. Од позиција на Градоначалникот на Гостивар и како граѓанин на овој град, барам вашите полицајци да бидат што покоректни во нивните задачи, особено за кон иселениците кои се дојдени во Гостивар“, се вели во писмото.

Тие се враќаат само неколку дена во својата татковина и даваат толку многу пари што го држат градот и државата со своите приходи! Не е ниту законско, ниту хумано а ниту морално да ги казнувате со парични казни, само затоа што се претпоставува дека тие имаат пари! Прво, тие се заморуваат многу за да ги заработат тие пари, и второ, треба да бидат еднакви пред законот!“ се вели во продолжение.

Ве молам да ги упатите и да им помогнете што повеќе за да се ориентираат на овие празнични денови и да не им го претворите празникот во кошмар!Убеден сум дека ќе го послушате и ќе го почитувате моето барање, не само затоа што Полициската станица е во надлежност на Општина Гостивар, т6уку особено поради тоа што вие сте личност што треба да знае дека вашата работа е да ги штитите граѓаните а не да ги казните, а пред сè Иселениците, што е грев да ги пречекаме со глоби наместо со љубов и почит!“, се вели на крајот на службениот допис на Асбрен Таравари упатено до командирот на ПС – Гостивар.

Служба за информирање